sobranie-na-rm-novo_9

Започнува комисиската расправа за уставните измени

Скопје, 10. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Комисијата за уставни прашања на Собранието на Македонија денеска треба да ја отвори дебата за владиниот предлог за уставни измени.

Собраниската седница на која ќе треба да се гласа по Предлогот за пристапување кон уставни измени ќе се одржи в понеделник. Македонската влада упати до Собранието предлог за четири уставни амандмани – за додавање на додавката Северна во името Република Македонија, за измени во Преамбулата и за измени во членовите 3 и 49.

Според роковите пропишани во Деловникот, целата постапка за уставни измени може да заврши најрано за три и пол месеци, но Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека постапката може да биде и итна по барање на Владата, на претседателот, на 20 пратенци и на претседателот на Собранието. (Крај)

извор: slobodnaevropa.mk фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest