kniga-tome-gruevski

Промоција на книгата „Константин С. Шахов – Книжевност“ и одбележување 130 години од излегувањето на весникот „Македонија“

Охрид, 10. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Во петок, 12-ти октомври ќе биде промовирана книгата „Константин С. Шахов – Книжевност“ од авторот Томе Груевски.

Книгата е во издание на НУ Библотека „Григор Прличев“ од Охрид и Друштвото „Базилика“ од Мешеишта, Дебрца.
Со овој труд ќе биде одбележана 130 годишнината од излегувањето на весникот „Македонија“ што се појавил во градот Русе во 1888 година.

Константин С. Шахов од Охрид е најактивниот македонски публицист од втората половина на ЏИЏ век и првите две децении на ЏЏ век. Тој е неодминлив деец во македонската национална и културна историја кој е заслужен во неговата работа на полето на новинарството.

Промоцијата ќе се одржи во НУ Библиотека „Григор Прличев“, со почеток во 12:00 часот. Промотори на делото ќе бидат Гордана Змејковска, Милчо Јовановски и Светомир Стефановски.

Со овој настан ќе биде означен и почетокот на  проектот „Кога книгата и музиката другаруваат“ на охридската библиотека и Основното музичко училште „Методи Патче “ од Охрид. На сите промоции во библиотеката  од октомври 2018 до јуни 2019 ученици од „Методи Патче “ ќе настапуваат со една до две точки, а библиотеката ќе им подарува книга. На тој начин ќе се популаризираат книгите, музиката и младите изведувачи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest