opstinapenzija

Градоначалникот Стојаноски на средба со претставници на Здружението на охридските пензионери

Охрид, 10. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски денес оствари средба со претставници на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца.

На средбата градоначалникот беше информиран за посетата на охридските пензионери на Љубљана, Словенија, по повод 1. октомври, Денот на европските пензионери.

Со настапот на КУД „Далги“, кое функционира во рамките на здружението – во Цанкарјевиот дом, охридските пензионери ги освоиле нескриените симпатии на публиката и достојно го презентирале македонскиот фолклор и култура.

Градоначалникот го изрази задоволството од успешното претставување на нашата земја и Охрид на оваа меѓународна средба и истакна дека и во иднина локалната самоуправа силно ќе ги поддржува активностите на пензионерите. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest