Daniel-novik-2

Новиќ: Охриѓани немаат навика за пиење на коктели

Охрид, 10. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Љубовта кон барменството и изработката на коктели му се јавила пред десетина години, кога како средошколец освоил прво место на Саем за туризам во Белград, за сега целосно да се посвети на подготовка на веќе познатите, но и да создава нови и иновативни авторски коктели.

Последно признание за работата на амбициозниот охридски бармен Даниел Новиќ е победничкиот пехар во категоријата класични долги коктели на десеттото издание на Вигор бармен купот што се одржа во Охрид.

Тој и лани учествуваше на овој куп и го освои третото место, за веќе годинава да застане на шампионската позиција. Охриѓани може да се каже дека беа најуспешни на овој куп, бидејќи од 20-ната учеснци, 5-6 беа од Охрид, а освен првото и третото место отиде во рацете на наш сограѓанин.

koktel Rubi Bubi

Победничкиот коктел на Новиќ е „Руби Буби“. Името дојде случајно, тоа е мој авторски коктел, што донесе значајно признание за мене и за градот Охрид, изјави Даниел во емисијата „Диши длабоко“ на Супер радио.

Daniel Novik

daniel novik 4

– Коктелот е по моја рецептура, се состои од вотка, шток крема, сирупи од бело чоколадо и карамела и сок од црна рибизла. Се служи во долга чаша, а би се категоризирал како коктел за понежниот пол. Коктелот го пробаа и гостите на Вигор бармен купот, секако моите најблиски, пријателите и колегите чие мислење ми значи, подвлече Новиќ.

daniel novik 3

Тој се надева дека неговиот победнички коктел ќе стане дел од коктел менијата на охридските угостителски објекти.

Во однос на коктел културата, Даниел вели дека во Охрид е послаба навиката за пиење на коктели. Тоа најчесто се прави во летниот период и најчесто се консумираат оние стандардните. Но, како и да е работиме на созадавње нови, иновативни коктели за да ги заинтригираме гостите да ги пробаат.

Новиќ не застанува тука, го очекува учество на Државното првенство на бармени, а веќе во петок на 12-ти октомври, во рамки на Taste Ohrid, односно гастрономската тура што за првпат се организира во Охрид ќе биде промовиран неговиот најнов авторски коктел, наречен „Охридско зајдисонце“ или „Ohrid Sunset“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/Даниел Новиќ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest