Makrep 1

Многу мотиви за нова победа за Македонијa (фото)

Скопје, 11. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за натпреварот против Лихтенштајн од Лига на нации на 13. октомври на Националната арена „Филип Втори“.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во прекрасна атмосфера го одработија тренингот во центарот „Петар Милошевски“. Македонија во досегашните два меча има две победи. Во првиот натпревар го совлада Гибралтар на гостински терен, додека во Скопје во втората средба го доби директниот конкурент за првото место, Ерменија.

Цената на влезниците изнесува 100 денари за јужна трибина и 150 денари за северната трибина од Националната арена.

УЕФА ЛИГА на НАЦИИ, група 4, 3. коло:  Македонија – Лихтенштајн , Скопје, Национална арена „Филип Втори“, 13. октомври 2018., 20:45 часот. (Крај)

извор: Фудбалска федерација на Македониаја фото: ффм

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest