vodovodohrid

Во тек е конкурсот за доделување на студенски стипендии од ЈП „Водовод“ и „Нискоградба“

Охрид, 12. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Веќе се пристигнати апликации по конкурсот за доделување на стипендии што го објавија охридските претпријатија „Водовод“ и „Нискоградба“.

– Висината на стипендијата е 10.000 денари, а се однесува на студенти во високото образование од градежна, хидро-градежна струка  и архитектура. На ваков чекор се одлучивме поради тоа што се соочивме со недостаток од стручен кадар и ова беше еден од начините за да го решиме проблемот, рече во емисијата Радио Корнер на Супер радио директорот на ЈП „Водовод“, Владимир Алексијоски.

Тој додаде дека во претпријатието се соочиле со недостаток од стручен кадар и како еден од начините за да го решат проблемот била и одлуката за доделување на стипендии за студирање за студиските програми кои сметале дека им се најпотребни. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest