Igorangelovski

Игор Ангеловски: Се надевам на нов успех, мора да се однесуваме максимално одговорно

Скопје, 13. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Селекторот на фудбалскатa репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, на прес – конференцијата спроти натпреварот со Лихтенштајн во Лигата на нации истакна дека фудбалерите мора максимално да се однесуваат на мечот, иако во минатото лесно го победувавме.

Makreprzfud

„Очекувам едно максимално издание на нашите фудбалери. Она што како задача ќе им биде дадено да го извршат максимално. Овој дуел е многу значаен за нас. Никогаш во мојата кариера не размислувам за наредните мечеви, сега ми е најважен Лихтенштајн. Ги имаме сите потребни информации за противникот, ни следи различен меч од оној од квалификациите за СП 2018. Противникот може да одигра онолку колку што ќе дозволите. Резултатите со Лихтенштајн се едно убаво минато, ќе мора да бидеме максимални и на оваа средба“, изјави Ангеловски.

Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн на „Филип Втори“ Арената се игра вечерва со почеток од 20:45 часот. (Крај)

извор: Фудбалска федерација на Македониаја фото: ффм

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest