ohridok13

Охрид денес, ФОТО приказна – 13. октомври 2018 година

Охрид, 13. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Охрид е град со безвремена убавина и огромна душа да ги прими намерниците од целиот свет кои се неми сведоци на неговата големина.

Во рамките на новата рубрика на OhridPress и Супер радио ќе објавуваме дневни фотографии од Охрид на неколку фотографи, кои дел професионално, а дел од чиста љубов кон градот, секојдневно ги регистрираат неговите убавини.

Погледнете дневна доза охридска убавина преку ФОТО приказната доловена со објективот на д-р Здравко Чорбески, кој секојдневно, веќе подолг временски период ги фотографира убавините на градот во раните утрински часови.

Image may contain: sky, mountain, outdoor and nature

Image may contain: ocean, sky, outdoor, water and nature

Image may contain: sky, outdoor, water and nature

„Човек би рекол дека пред себе има дел од море истргнат од океанот и фрлен меѓу недостапните планини, кои го опкружуваат од сите страни. На Охридското Езеро, навистина му одговара епитетот Македонско слатководно море”.

Академик Синиша Станковиќ

Вечниот град, волшебниот рид над него, заштитени од светлината на Св. Климент се и културен, духовен и туристички центар на Република Македонија.

Бреговите на Охридското Езеро биле населувани уште од прастари времиња. Археолошките податоци говорат за населби од неолитскиот период (младото камено време), 6.000 години пред нашата ера. Настанувањето на античкиот град Лихнид (во превод значи „Град на светлината”), односно денешен Охрид се поврзува со легендата за Фениќанецот Кадмо, кој прогонет од Теба во Беотија, пребегал кај Енхелејците и на брегот на Охридското Езеро го основал градот Лихнид.

Денес Охрид е модерен град и посакувана дестинација за модерните туристички номади од целиот свет.

Секојдневно ќе Ви нудиме мали парчиња од неговата убавина, за заедно да ја составиме неповторливата сложувалка наречена – ОХРИД.

Прекрасен Охрид/Beautiful Ohrid

извор: ИнПрес фото: д-р Здравко Чорбески

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest