gfk-lihnidos

ГФК „Охрид Лихнидос“ денеска гостува кај Новаци

Охрид, 13. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Фудбалерите на Градскиот клуб „Охрид Лихнидос“ денеска ги продолжуваат натпреварите во Третата македонска лига.

Во рамки на осмото коло гостуваат кај тимот на Новаци. Почетокот на натпреварот е во 14:30 часот.

Инаку, охридските фудбалери се неприкосновени на лидерската позиција на табелата. Досега имаат максимален учинок седум од седум, со 21 поен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest