Anri

Тјери Анри нов тренер на Монако

Монако, 14. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Најдобриот стрелец во историјата на француската репрезентација и легенда на Арсенал, Тјери Анри стана нов тренер на Монако, кои го отпуштија Леонардо Жардим минатата недела по мизерните резултати.

За Анри ова е враќање каде што ја започна својата кариера и каде што играше од 1994 до 1999 година и тој има тригодишен договор до јуни 2021 година.

Анри досега беше помошник на белгискиот селектор Роберто Мартинез, а сега се наоѓа во интересна ситуација да биде тренер на Монако, додека на ривалскиот клуб Ница тренер е неговиот поранешен соиграч Патрик Веира.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest