nenad6

Охрид домаќин на Државното првенство во Бразилска Џиу Џица

Охрид, 14. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Во организација на клубот „Roots BJJ Ohrid“ и Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица, днеска во Охрид ќе се одржи Државното првенство во Бразилска Џиу Џица.

– Првенството ќе се одржи во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ во Охрид со почеток во 11:00 часот. Право на учество имаат клубовите членки во Федерацијата и натпреварувачи со заверени натпреварувачки картони и валиден лекарски преглед не постар од 6 месеци. Официјални IBJJF категории. Пријавување кај тренерите на „Roots BJJ Ohrid“ Благоја Трајчевски и Дејан Чолески или на bjjohrid@hotmail.com. Вагањето на натпреварувачите ќе се одржи од 10:30 до 11:00 часот, информираат организаторите.

Бразилското џиу џицу произлегува од џудото. Како вештина е доста застапена во такаречено сега поново време, млада вештина која сеуште се развива и е во експанзија. Најчесто се работи спортската бразилска џиу џица, тоа значи дека ударите се исклучени. Се работи најчесто на фрлања, борба за позиција и партерна борба, целата контрола на тело, на екстремитети се`до завршување со некаква полуга или зафат. Борбата некогаш е временски ограничена, некогаш е на поени, но тоа зависи од конкретниот натпревар и категоријата. (Крај)

извор: ИнПрес/Roots BJJ Ohrid фото: Roots BJJ Ohrid

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest