dijabetes1-640x359

Едукативно предавање на тема „Дијабетот го засега секое семејство“

Охрид, 15. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Во рамките на одбележувањето на Неделата на борба против шеќерната болест, од 10-ти до 16-ти октомври, охридскиот Црвен крст денес организира едукативно предавање на тема „Дијабетот го засега секое семејство“.

Предавањето ќе се одржи во просториите на организацијата, со почеток во 11:00 часот.

Предавач ќе биде д-р Кристина Стојаноска Алоска, која ќе ги разјасни сите отворени прашања, a посебно ќе се даде осврт на релацијата на дијабетот и оралното здравје.

Бројката на лица заболени од дијабетес секојдневно расте, а загрижува фактот што меѓу пациентите има и деца.

Во Охрид се регистрирани околу 5.000 дијабетичари, од кои повеќето се на таблетарна, а има и такви кои се на инсулинска терапија. Ова меѓу другото беше потенцирано на едукативната работилница за контрола на дијабетесот, што се одржа во Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest