cleanex5godini-640x360

Охридски Cleanex Professional прославува пет години успешна работа

Охрид, 15. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Охридската компанија Cleanex Professional, која педиодов наназад е во чекор со светските трендови на модерно живеење и нуди професионални услуги на чистење денес прославува пет години успешна работа.

– Започнавме пред точно 5 години како компанија за хигиенско одржување на заеднички делови на станбени згради, а по кратко време, по барање на самите клиенти, и наше стручно усовршување во областа на хигиената, воведовме услуга и за генерално чистење на домови, деловни објекти, чистење по градежни дејствија, сезонски генерални чистења, и тековни хигиенски одржувања на дневно, неделно и месечно ниво. Анализирајќи го пазарот и потребите на дотогашните и потенцијалните клиенти, нашиот тим ги воведе и услугите за хемиско, машинско чистење и перење на мебел и перење на теписи директно во домот, по што тие се суви, чисти, дезинфицирани и спремни за користење само по два часа од завршување на третманот, вели сопственикот Дарко Симоноски.

Тој додава дека како и секоја модерна компанија, Cleanex Professional вложува во развојот и новите технологии, кои ги издвојуваат од конкуренцијата.

– Со цел да бидеме комплетни во делот на хигиената за едно домаќинство, со набавка на нова софистицирана опрема и потпирајќи се на специфичен know how за вршење на вакви услуги, ја воведовме услугата за машинско и хемиско перење на постелнини, јоргани, ќебиња, јамболии, и секаков вид на текстил кој е преголем, прегабаритен за перење во домашни услови или има потреба од посебна стручност и знаење за да се врати неговата свежина. Во склоп на оваа услуга, го вклучивме и индустриското перење за хотели, ресторани, вили, козметички салони, студија за масажа и физиотерапија, за перење на чаршафи, постелнини и пешкири со обезбедено подигнување и достава во рок од 24 часа, со што го потврдивме статусот на водечка компанија во делот на хигиената. Последна алка за комплетирање на делот на хигиената е воведувањето на водено хемиско чистење на облека, преку посебна апаратура и по поминати бројни обуки за извршување на оваа услуга, која за разлика од класичното суво хемиско чистење е еколошка и не остава последици по луѓето и животната средина, додава Симоноски.

Сите дополнителни информации можете да ги добиете на телефонот 075/984-482 или на официјалната Facebook страна на Cleanex Professional. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest