Вишиот управен суд побара одговор на жалбата за случајот со Јана Арсовска

Скопје/Охрид, 29. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Дури денес после 32 дена откако ФЗО поднесе жалба на одлуката на Управниот суд за повторно разгледување на случајот на Јана, Вишиот управен суд побара одговор на жалбата од наша страна, информираат на официјалната страна на Facebook за поддршка на охриѓанката Јана Арсовска.

– Токму поради ваквите предолги процедури директорот и службите во ФЗО беа буквално молени да не вложуваат жалба на одлука за повторно разгледување на случај, бидејќи согласно законот е да се почитува судска одлука, а етички и во интерес на пациентот, за кој и постои ФЗО, е да се разгледаат сите можни опции за неговото лекување. Дотолку повеќе што Јана е одбиена од ФЗО со погрешни и лажни заклучоци. Потсетување, првостепената комисија ја одби бидејќи наводно имунотерапијата не била базирана на докази (лага), а второстепената ја одби бидејќи наводно Јана била дел од медицинско истражување?! (лага над лагите). Предочувајќи им го ова, во ФЗО ги молевме едноставно да го разгледаат повторно случајот согласно судската одлука. Но, тие одлучија да се жалат и свесно да го одложат процесот и да го отежнат максимално патот на Јана, која поради нивната несовесност и нестручност како и незаконско работење е веќе речиси 11 месеци без терапија. Буквално, ФЗО и предолгите судски процедури ДИРЕКТНО го загрозуваат животот на Јана. Скандалозно е темпото со кое се одвиваат сите овие процеси. Затоа ја започнавме акцијата. Не оди како што планиравме, меѓутоа знаеме дека оди со сите сили и со вклученост на што повеќе луѓе… затоа сме и сигурни дека ќе успееме. Благодарност на сите кои со личен пример им покажувате како треба да се дејствува на оние кои се обврзани со закон да се грижат за пациентите, а не го прават тоа. Но, хуманоста никој не може да ја победи. Јана ќе ни биде жива и здрава, порачуваат од тимот за собирање помош и поддршка на Јана.

Image result for Јана Арсовска,

33-годишната Јана Арсовска од Охрид веќе петта година се бори со редок вид на рак. Во 2015 година, на Јана ѝ беше дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.

Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 143 467

За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка

За хуманите луѓе надвор од Македонија: gofundme.com/hopeforjana

или преку жиро-сметка на:

IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22

извор: ИнПрес фото: ИнПрес