lisiciuapsen-640x360

Приведени четири лица од Струга кои избегнувале издржување затворска казна

Струга, 16. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Во периодот од 11-ти до 14-ти октомври оваа година, СВР Охрид и полициската станица Струга, реализираа успешни акции за приведување на лица кои, со пресуда од неколку Основни судови биле осудени на затворска казна.

– Од Струга и неколку струшки села, приведени се четири лица кои го избегнувале издржувањето казна затвор, а за дел од нив, била распишаниа централна потерница. На 11-ти октомври, во струшкото село Корошишта приведен е Б.Д. (43) кој со бегство се обидел да ја избегне затворската казна од десет месеци изречена од Основниот суд Охрид за сторено казнено дело „силување“. Тој е префрлен во Казнено поправната установа -затвор Струга“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На 13-ти октомври, од Струга приведен е И.М.(47) од струшкото село Радолишта. Тој бил во бегство а бил осуден од Основен суд Охрид на две години затворска казна за казнено дело „измама“, како и на затворска казна од една година изречена од Основен суд Гостивар за казнено дело „спречување на овластено службено лице во вршење службено дејствие“.

Приведениот е префрлен во Казнено поправната установа-затвор „Идризово“.  Истиот ден, во струшкото село Ливада, приведен е Д.У. (30) од селото Корошишта кој за сторено казнено дело „неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје, распрскувачки материи “, од Основниот суд во Струга, најнапред бил осуден на три годишна затворска казна а потоа со решение на истиот суд, била намалена на 10 месеци и 24 дена. Тој е префрлен на издржување на казната во Казнено поправната установа-затвор „Струга“.

На 14-ти октомври, по распишана централна потерница од Основниот суд Скопје 1, во струшкото село Франгово, приведен е Р.И.(32) од истото село. Тој е приведен во врска со сторено казнено дело „трговија со луѓе“ а потоа префрлен и предаден на овластени службени лица во Основниот суд Скопје 1 за натамошна постапка. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest