sasovasileski

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски излегува од куќен притвор

Охрид/Скопје, 16. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, кој е обвинет во случајот со настаните од 27-ми април лани во Собранието, излегува од куќен притвор откако со одлука кривичниот совет ја прифатил гаранцијата во недвижен имот.

– Кривичниот совет на одделението за Организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната С.В., обвинет во предметот поврзан со настаните од 27.04.2017 година во Собранието, донесе решение со кое ја уважи понудената гаранција во недвижен имот и ја укина мерката куќен притвор, а заради обезбедување присуство во текот на постапката му определи мерки за претпазливост и тоа Обврска на обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Охрид и привремено одземање на патната исправа како и забрана за издавање нова – велат од судот.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest