av-ohrid-kumanovo-640x360

Кошаркарите на АВ Охрид дома го пречекуваат тимот на Куманово

Охрид, 17. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Во недела, 21-ви октомври, како заокружување на богатиот спортски викенд, кошаркарите на АВ Охрид на домашен терен го пречекуваат тимот на Куманово.

Охридските кошаркари во досегашниот тек од новата сезона од Првата македонска лига имаат два порази, па против кумановчани ќе ја бркаат првата победа.

Натпреварот ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 17:30 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest