oliverspasovski2

Спасовски: Македонија системски се бори против нелегалната трговија со оружје

Скопје, 18. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Свесни за фактот дека употребата и достапноста на нелегалното оружје директно негативно влијае не само врз сеопштите трендови во разните области од криминалот, туку и може директно да влијае врз дестабилизација на самите општества, во изминативе години Република Македонија се фокусираше на градење на еден интегриран, системски пристап кон борбата против нелегалната трговија со оружје и експлозивни материјали во сите негови аспекти – едукативен, организационен, легислативен и слично.

Ова го изјавил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање на состанокот на локалните групи за координација за недозволена трговија со оружје на земјите од Западен Балкан што се одржа во Скопје, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Спасовски ја потенцирал нужната заедничка соработка која што треба да ја даде суштинската логистика во успешната контрола на малото и лесно оружје и спречување на нелегалната трговија со истото.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest