opstinaohridsologo

Советувања и обука на производителите за производство на органска храна

Охрид, 18. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Согласно Г1 програмата за локален економски развој на општина Охрид за 2018-та година, ќе се реализираат советувања и обука на производителите за производство на органска храна.

Советувањето и обуките ќе се одржат во Големата сала на општина Охрид, во среда, 24-ти октомври со почеток во 18:00 часот.

– Имајќи во вид дека органското производство е најбрзо растечки  сектор во производството на храна во Европа и светот, целта на овие обуки е да се прикажат  мерките за поддршка на производителите на органска храна што се предвидени во заедничките земјоделски политики на Република Македонија и европските фондови, како и давање на корисни упатства за правилата кои се однесуваат на органското производство, процес на контрола и сертификација на органското производство, согласно законот за органско производство и ЕУ регулативите, порачуваат организаторите.

Обуките опфаќаат три засебни области:

– Земјоделско и овоштарско производство,
– Сточарско производство,
– Пчеларско производство.

Обуките ќе ги одржи стручно лице од Про-Церт КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА ОКС.

Општина Охрид, ги поканува сите заинтересирани производители на земјоделски и овоштарски производи, сточарски производители и пчелари, претседатели и представници на месни заедници и рурални населби, млади земјоделци, производители на храна, граѓански и други организации да земат учество на обуките.

За повеќе информации јавете се на телефонот 046/262-492, локал 115. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest