Titanic_2_640x360

Титаник II ќе заплови во 2022-ра година, вака изгледа внатре

Јиангсу, 25. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Потонувањето на Титаник е можеби најпознатиот бродолом на сите времиња. Познат по големината и брзината, во тој период Титаник бил најголемиот брод и наводно не можел да потоне. Но неговата судбина била трагична и не го завршил ни своето прво патување од Саутемптон до Њујорк.

На 15-ти април 1912-та година, Титаник потонал по судир со санта мраз. Од 2.224-те патници, загинале над 1.500 со тоа станувајќи една од најсмртоносните катастрофи во вода.

Титаник ги воодушевувал сите со неговиот дизајн, технологија и големина. Неверојатниот број на детали можат да се видат и денес на потонатиот брод. Се зборувало дека Титаник е брод невиден досега. Неговото потонување до денес продолжува да си игра со човечката имагинација.

Па ако отсекогаш сте се прашувале како би изгледало патувањето на Титаник, конечно ќе можете да го направите тоа со Титаник II.

Конструкцијата била направена според оригиналниот брод и изгледа ова ќе биде неверојатна комбинација на денешната технологија и стариот дизајн.

Бродот ќе биде со должина од 270 метри и ќе има простор за 2.435 патници и екипаж од 427 луѓе. Како и оригиналот, и овој брод ќе има сместување за прва, втора и трета класа со различна цена. Ќе има простории за пушење, кафетерии, ресторани, место за шопинг, казино, театар, па дури и болница.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Кафе пауза фото: CNN

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest