NATO-exercise-1035629

Во Норвешка почнаа најголемите воени вежби на НАТО од крајот на Студената војна

Осло, 25. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Во Норвешка денеска почнаа најголемите воени вежби на НАТО од крајот на Студената војна со примена на хипотетичко сценарио за повторно воспоставување на суверенитетот на оваа скандинавска земја после напад од страна на „фиктивен агресор“.

На воената вежба на Алијансата учествуваат 50 илјади членови на воениот персонал од 29 сојузници на НАТО со партнерските земји Финска и Шведска, а ангажирани се и околу 65 бродови, 150 авиони и десет илјади возила.

Планот е вежбата да трае до 7 ноември а се одржува на подрачјето на централна и источна Норвешка, северниот дел на Атлантскиот Океан и во Балтичкото Море. Медиумите претходно објавија дека таа ќе претставува и голем логистички предизвик за државата домаќин која мора да обезбеди 1,8 милиони оброци и 4,6 милиони шишиња вода, како и да се справи со 660 тони валкан веш.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest