Во Охрид денес променливо облачно време со температура до 17. степени

Охрид, 9. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат.

Maксималната температура во Охрид ќе се искачи до 17. степени.

– Денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни (над 30 л/м2). Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник попладне и во следните денови ќе има нови врнежи од дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ИнПрес