Missing image

Според новиот извештај на ЕК, Србија нема да добие позитивна оценка

Белград, 6. август 2014 (ИНПРЕС) – Новиот годишен извештај на Европската комисија за напредокот на Србија во поголемиот дел ќе биде позитивен, но во најмалку три области Белград нема да добие позитивна оценка, пишува српскиот весник Blic.

Во трите области спаѓа спроведување на бриселскиот договор со Косово, правдата и човековите права и координација на надворешната политика со онаа на ЕУ. По тој повод главниот српски преговарач со ЕУ, Тања Мишчевиќ изјавила дека не очекуваат изненадувања во извештајот. (Крај)

извор: Blic фото: архива