Во БиХ се апсат судии поради местење на натпревари

Сарајево, 11. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Агенцијата за истрага и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) утрово на подрачјето на Сараево, Брчко и Орашје ја спроведува акцијата ВАР, во која се опфатени повеќе фудбалски судии кои се осомничени за местење на натпревари.

СИПА акцијата ја спроведува по налог на обвинителството и судот на БиХ. Порталот „Klix.ba“, објави дека акцијата започнала во 7 часот утрово.

Уапсените се сомничат за криминал, злоупотреба на службената положба, примање поткуп.

Судиите се уапсени откако обвинителството истражило повеќе натпревари во Првата лига на БиХ (Втора лига на Федерацијата на БиХ во која не спаѓа Република Српска) од сезоната 2018/2019. Истражните органи се сомневаат дека наместени биле и некои натпревари од Премиер лигата на БиХ во истата сезона.

Во акцијата биле уапсени осум лица, а по три полицијата се уште трага. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива