Missing image

Новак „се прошета“ во финалето во Пекинг

Пекинг, 5. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата, откако во финалето на турнирот во Пекинг го совлада Томаш Бердих со 6:0, 6:2.

Ѓоковиќ одигра скоро совршен натпревар, а во финишот на вториот сет имаше и меч – топка при резултат 6:0, 5:0.

Тој останува непоразен на овој турнир каде ја освои петтата титула. Ова е петти трофеј за Новак во  2014-та и вкупно 46-ти во кариерата. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива