istanbul-new-airport-640x360

Најголемиот аеродром на светот се отвора денеска во Истанбул

Истанбул, 29. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Истанбул ќе го отвори најголемниот аеродром на светот, во присуство на повеќе од 50 високи функционери од целиот свет, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Као што јави агенцијата Анадолија, новиот аеродром во Истанбул, чија прва фаза денеска ја отвора Ердоган, ќе има голем број карактеристики по кои ќе биде препознатлив во светот, меѓу кои и неговата големина, инфраструктурата, безбедносните системи и дизајнот.

По завршувањето на работата, аеродромот ќе содржи шест одвоени писти, ќе има капацитет за 500 авиони, паркинг од отворен и затворен тип со капацитет од 70.000 возила и годишно ќе опслужува околу 200 милиони патници. Се очекува на аеродромот дневно да слетуваат и полетуваат 2.000 авиони, кон повеќе од 350 дестинации, а своите услуги ќе ги нудат 250 авиокомпании.

Целата вест прочитајте ја ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest