saratelefoni

Успешна акцијата во Зоолошката градина во Скопје, 150 илјади денари во фондот за помош на Сара

Скопје, 29. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Викендов во Зоолошката градина во Скопје се одржа хуманитарна акција за Сара, на која граѓаните уште еднаш имаа можност да ја покажат својата хуманост.

– Граѓаните донираа околу 50.000 денари, а одговорните во Зоолошката градина како институција одлучија да донираат уште 100.000 денари од продажбата на билети со надеж дека малата Сара Настеска од Охрид што побрзо ќе замине на лекување, информираат организаторите.

Тие апелираат, доколку граѓаните се во можност да помогнат и уплатата да ја извршат на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.

Може да се помогне и со вртење на телефонските броеви: 143 102 Телеком, 143 480 ВИП. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest