tamarosuperbreakfast1

Од 1-ви ноември „Тамаро SUPER Breakfast“ со „Тамаро“ пекарата на Супер радио

Охрид, 30. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Согласно новата програмска шема на Супер радио, а во пресрет на 26-тиот роденден, од четврток утринската екипа на Супер радио ве кани на заеднички појадок, секој ден од 10:00 до 11:00 часот, во рамките на „Тамаро SUPER Breakfast“ со „Тамаро“ пекарата.

– Секој ден „Тамаро“ обезбедува појадок за 5 слушатели на Супер радио. Се будиме заедно, пазариме во „Тамаро“ заедно, слушаме Супер радио за заеднички доручек во „Тамаро SUPER Breakfast“. Се` што треба да направите: сликајте се пред Вашиот омилен „Тамаро“ маркет, сликајте го вашето омилено пециво од „Тамаро“ пекарата, тагирајте го вашиот пријател со кого ова утро ќе имате заеднички појадок, посетете не во Супер радио, најбрзиот ја добива првата награда, а еднаш неделно да се дружите со нас во „Корнер Тамаро појадокот“, порачуваат од Супер радио и „Тамаро“ пекарата.

Водител ќе биде Даниел, а новата емисија е во рамките на програмскиот појас „Диши длабоко“, кој се емитува секој работен ден на Супер радио, од 10:00 до 12:00 часот.

Супер радио за околу една недела ќе го прослави 26-тиот роденден и останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

Потврда за успешната работа на радио станицата дојде и од граѓаните и целокупната локална заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest