aerodromohrid

Од 17-ти ноември почнува авио линијата Виена – Охрид – Виена

Охрид, 31. октомври 2018 (ИНПРЕС) – Од 17-ти ноември започнува редовната авио линија Виена – Охрид – Виена, на нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер.

Според најавите од ТАВ Македонија, летови ќе има секој вторник и сабота, во попладневните часови. Со воведувањето на Виена, охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе има три редовни авиолинии во текот на годината (Виена, Цирих и Базел).

Охрид сезонски е поврзан со осум дестинации (Истанбул, Катовице, Варшава, Талин, Ајндховен, Тел Авив, Брисел и Амстердам) опслужувани од 11 авиокомпании („Визер“, „Онур ер“, „Смол планет ерлајнс“, „Ентер ер“, „Нордика“, „Корендон“, „Аркиа“, „ТУИФлај“, „Германиа Флуг“, „Хелветик“, „Брисел ерлајнс“).

Според извештајот на ТАВ Македонија, 1,8 милиони патници патувале преку „Меѓународниот aеродром Скопје“ и охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ во првите девет месеци од оваа година, што е годишен пораст од 18%.
Генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој очекува да се продолжи со исто темпо на  двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај до крајот на 2018 година, којшто е повисок од официјалниот просек на ЕУ од 4,8% (јули 2018) и повисок од просечниот раст од 6,8% на патнички сообраќај на аеродромите кои не се во ЕУ, според ACI Europe. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest