Ф1: Фетел пред Леклер во Бразил, Ферари се врати во форма

Сао Пауло, 16. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Двете технички директиви на ФИА, за кои многумина сметаа дека се насочени кон моторот на Ферари, не успеаја да ги спречат возачите на италијанскиот тим да постават најдобро време на вториот тренинг за Бразилското ГП во Сао Пауло.

Себастијан Фетел постави најдобро време пред колегата Шарл Леклер на патеката Интерлагос, покажувајќи дека Ферари не треба да се отпишува.

Леклер нема да биде конкурент за пол-позицијата денеска, бидејќи има казна од 10 места поради поставувањето на новиот мотор, но формата е добар знак за Скудерија, посебно бидејќи Фетел го постави најдоброто време и покрај тоа што неговиот круг беше прекинат од Валтери Ботас.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива