avion-opsta

Османи во Атина, во Скопје ќе се врати со првиот лет од атинскиот до скопскиот аеродром

Скопје, 1. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Со средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Јоргос Катругалос, ќе ја започне работната посета на Атина, заменик Претседателот на Владата, Бујар Османи, по што во Скопје ќе се врати со првиот лет од грчката до македонската престолнина, воспоставен по пауза од над 10 години.

Разговорот ќе се фокусира на темите од билатерален, регионален и европски интерес, соопштуваат од грчкото МНР.

По разговорите и изјавите за медиумите, алтернативниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос ќе го испрати симболично вицепремиерот Бујар Османи на атинскиот аеродром, на првиот лет по пауза од над 10 години од Атина за Скопје.

Летот е во 18:40 часот по локално време, а во Скопје пристигнува по 1 час и 15 минути, односно во 18:55 часот по македонско време.

Делегацијата која ја предводи Вицепремиерот Османи по слетувањето во Скопје, заедно со Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, ќе биде дел од манифестацијата која по повод првиот лет ја организира ТАВ.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest