Во Охрид денес умерено облачно време и температура до 15. степени

Охрид, 18. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Maксималната температура во Охрид ќе се искачи до 15. степени.

– Под влијание на влажни бранови, во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон среда и во среда, особено во југоисточните делови. По котлините и натаму ќе има појава на магла, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ИнПрес