vmrostabskopje

СЈО го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 1. ноември 2018 (ИНПРЕС) – По барање на Специјалното Јавно обвинителство, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата. Со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот. Дејствијата се превземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката, информираат од СЈО. (Крај)

извор: СЈО фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest