kocoangusev

Анѓушев: Автопатот Кичево – Охрид ќе чини дополнителни 187 милиони евра

Охрид/Скопје, 2. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Автопатот Кичево – Охрид ќе чини дополнителни 187 милиони евра.

На денешната седница на Владата усвоен е третиот анекс договор за автопатот.

Со ова дефинитивно се решаваат сите проблеми во градењето на овој автопат и очекуваме интензивно да продолжи неговата изградба, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев.

– После една година домаќинско преговоарање со изведувачот се постигнаа цени за сите дополнителни работи кои треба да завршат при што се направи заштеда од 95 милиони евра. Доколку се завршеше автопатот со претходно постигнатите цени од основниот договор, во тој случај ќе чинеше 282 милиони евра дополнителни средства, а денеска ќе чини 187 милиони евра, потенцира Анѓушев.

avtopatkicevoohrid2

При увидот во градежните работи на автопатот Кичево-Охрид на почетокот на месец октомври, вицепремиерот Анѓушев потенцира дека по завршувањето ќе добиеме автопат којшто во целост ги исполнува меѓународните стандарди.

Новиот поставен краен рок за изгрдаба на автопатот Кичево – Охрид е јуни 2021 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest