poezija-1

Распишан конкурс за најдобра поетска творба за „Св.Климент Охридски“

Охрид, 5. ноември 2018 (ИНПРЕС) – По повод 8-ми декември, празникот „Св Климент Охридски”- Патрон на градот, општината распиша награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба, а темата е  животот и дејноста на Свети Климент Охридски. 

Ќе бидат доделени три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории:

 I   За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);
 II  За ученици од предметна настава ( од шесто до деветто одд.);
III За ученици во средно образование (од прва до четврта година).

Износот на наградата за првата категорија е   2.000,оо денари;
Износот на наградата за втората категорија е 3.000,оо денари ;
Износот на наградата за третата категорија е 4.000,оо денари.

Изборот на најдобрите поетски творби ќе го прави тричлена жири – комисија, формирана од градоначалникот на општина Охрид.

Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.

Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра,најдоцна до 30-ти ноември, треба да се доставуваат на следната адреса : Општина Охрид – ул. “Димитар Влахов” бр. 57.( со назнака : За Конкурсот за наградни творби и со наведена категорија за која се конкурира).

Творбите пристигнати по наведениот датум нема да се разгледуваат. Aвторството се докажува со четвртиот примерок.

Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани  по повод 8-ми Декември – Патронот на Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest