nikolagruevskiopsta-633x360

Собранието утре ќе расправа дали ќе му го одземе мандатот на Груевски

Скопје, 5. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Утре ќе се знае дали Собранието на Република Македонија ќе му го одземе мандатот на поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

За одземање на мандатот ќе расправа Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања која, според веб страницата на Собранието, седницата ја има закажано за утре во 12 часот со единствена точка на дневниот ред – Предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски врз основа на добиено известување од Основниот суд Скопје 1 Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција за пресуда КОК бр.59/17 од 23.05.2018 година со која пратеникот е осуден на казна затвор во траење од две години.

Членовите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во петокот се изјаснија дека нема да гласаат за одземање на мандатот на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе прочитајте ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest