iskrtoal

Повторно оштетени автоматите за влез во јавните тоалети кај ТЦ „Амам“

Охрид, 6. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Само еден месец откако беа оштетени на оваа локација и нецели два месеци по оштетувањата кај Горна порта, ноќеска се повторно обиени автоматите за влез во јавните тоалети кај малиот плоштад до ТЦ „Амам“.

– Не престануваат континуираните оштетувања на јавните тоалети поставени во централното градско подрачје. Овој пат насилно се исечени автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад до ТЦ „Амам“. И овој случај на уништување на јавните добра е пријавен во полиција, информираат од претпријатието.

Додаваат Јавните тоалети ќе бидат надвор од употреба се` додека не се санира штетата.

По долгогодишни најави, на 31-ви декември минатата година, на локацијата кај Т.Ц Амам беа поставени јавни тоалети. Преку проектот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за изработка, опремување и монтажа на санитарни контејнери, на оваа локација поставен е модул со три тоалети, за мажи,жени и лица со посебни потреби. (Крај)

извор: Охридски комуналец фото: Охридски комуналец

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest