ohridseptemvri181

Делбениот биланс на МЈП „Проаква“ стигна до Влада, се очекува одлука за преземање на колекторот

Охрид, 6. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Делбениот биланс на МЈП „Проаква“ денес се презентира во Владата на Република Македонија.

Директорот на охридски „Водовод“ ќе ја претстави усвоената одлука на советите на општините Охрид и Струга за поделба на претпријатието на три дела,  во насока на тоа централната власт да го прземе колекторскиот систем, заедно со побарувањата и обврските.

– Ние донесовме одлука, останува на Владата да донесе одлука. Очекувам дека ќе добиеме позитивен одговор. Не може да се сокрие фактот дека приоритет во инфраструктурните работи во Охрид е токму колекторксиот систем, потенцира градоначалникот Јован Стојаноски.

Премиерот Зоран Заев на крајот на минатата година најави дека Владата ќе го преземе управувањето со колекторскиот систем во Охрид, кој е долгогодишен проблем. Тогаш тој истакна дека Охрид и Струга должат околу 450 милиони денари кон Министерството за финансии за што рече, државата има намера да ги преземат тие долгови.

Во однос на подготовките на поделбата на МЈП „Проаква“ и префрлањето на колекторот под државна капа, досега се направени статутарни измени и донесени се одлуки на Управниот одбор на претпријатието.

Сега останатите чекори кои се потребни за формализација на целиот процес се во рацете на Владата, со што ќе се реши едно многу значајно прашање во врска со Охридското езеро. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest