metodi patce

Традиционален Седмоноемвриски концерт во ОМУ „Методи Патче“

Охрид, 7. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, заедно со директорите на охридските јавни претпријатија присуствуваше на традиционалниот Седмоноемвриски концерт што се одржа синоќа во ОМУ „Методи Патче“.

По повод денот на ослободувањето на Охрид, пред бројната публика дела од познати композитори изведоа: Стефан Баракоски-виолина, Бојан Попов-пијано, Ристе Ристески-пијано, Илија Ристевски-виолина, Михаил Дулевски-пијано, Елена Стојоска-флејта, Атанас Неделкоски-пијано, Илија Волканоски-гитара, Николај Петкоски-пијано, МИхаил Тодороски-кларинет, Владимир Србиноски-пијано,  Ана Матеска-флејта, Андреја Цацаноска-пијано, Мила Тотеска-виолина, Ева Китрозоска-пијано и Марија Џуклеска-виолина. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest