7-noemvri-svecenost-2

Свечена програма и 74 ружи за годишнината од ослободувањето на Охрид

Охрид, 7. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Со полагање свежо цвеќе на спомен-обележјата од НОБ и панихида на спомен-обележјето на Јасна Ристеска се одбележува 7-ми ноември – Денот на ослободувањето на Охрид.

Беа положени 74 ружи, во знак на 74 години слободен Охрид. На малиот плоштад, кај поранешната библиотека се одржува свечена програма. Свое обраќање имаше градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, како и претставник на ОО на Сојузот на борци од општините Охрид и Дебрца.

Jovan 7 noemvriДетската градинка „Јасна Ристеска“ вечерва од 18:00 часот под мотото „На крилјата на љубовта“ ќе одбележи 55 години од постоењето и својот патронен празник.

Многу животи згаснаа во борбите за слобода на Охрид што партизанските одреди ги водеа со фашистичкиот окупатор во 1944 година. Благодарение на нив Охрид денес е слободен град. (Крај)

извор: ИнПрес фото:ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest