IMG_4334_Pozar

Жител на Велешта палел сува трева и опожарил плевна на соселанец

Струга, 7. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 63-годишниот М.В. од селото Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

– На 16.10.2018 година, во 15:10 часот во селото Велешта, пријавениот со палење на сува трева предизвикал пожар, кој потоа се проширил и ја зафатил плевната, во сопственост на 61-годишниот С.Ш. од селото Велешта. Во пожарот била опожарена кровната конструкција, бали со сено, дел од земјоделска механизација и друго, со што била причинета материјална штета од 400.000 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest