policijaslika

Сообраќајка кај Подмолје, загина едно лице

Охрид, 8. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Едно лице настрада во тешката сообраќајна несреќа која синоќа, нешто по 19:00 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје.

Сообраќајот беше одреден период во прекин, а на лице место интервенираа екипи на службата за итна медицинска помош и СВР Охрид.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денешниот ден. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest