soobrakajkaopsta

Познат идентитетот на лицето што загина во сообраќајката кај Подмолје

Охрид, 8. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Полицијата излезе со официјално соопштение за тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа и во која животот го загуби едно лице.

Околу 19:10 часот на магистралниот пат село Подмоље-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен ксара“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(21) од село Црвици, кичевско и мопед „АПН 4“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(40) село Мешеишта, општина Дебрца.

Од здобиените повреди на местото починал возачот на мопедот Г.Б., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest