ujp-objavi-nova-lista-na-dolzhnici-216488_640x360

УЈП ќе им ја олесни регистрацијата на пензионерите

Скопје, 8. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Управата за јавни приходи (УЈП) најавува брзо законско решение што ќе содржи олеснителни околности за регистрација на пензионерите во Управата поради новиот концепт на Годишната даночна пријава.

– Наредниот период, за кратко време, ќе излеземе со законското решение што ќе се однесува на олеснителната околност на пензионерите кои остваруваат само приходи од пензија – изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска, одговорајќи на новинарско прашање денеска на предавање во употреба на нов систем за проценка на ризик.

За проблемите што се јавуваат со системот за регистрација таа рече дека ги менаџираат секојдневно, но оти на корисниците им стојат на располагање шалтерите во УЈП во Скопје, како и телефонските линии со цел да се надминат проблемите.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest