Plakata-PHV_show-640x359

Младите од програмата Промоција на хумани вредности суперхерои од нашиот град

Охрид, 8. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Не се полнолетни, а веќе научиле како да им помагаат на другите, на немоќните, на оние кои немаат. Младинците од Охрид кои се дел од националната програма Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА -ПХВ) во изминативе години преку најразлични акции излегле во пресрет на различни категории граѓани.

Програмата се реализира веќе десетина години, а направени се над 100 проекти во Охрид.

Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА -ПХВ) е национална програма со која се регрутираат младинци од 14 до 18 години, се обучуваат како да се променат себеси и како да ја променат околината во која живеат, односно да помагаат таму каде е потребно.

Охрид може да се гордее. Изминативе години колку што се работи оваа програма постигнати се завидни реазултати, младите помагаа, но тоа пак им помогна и нив да се изградат како вистински личности. Иако ги нарекуваме мали, тоа во суштина се големи проекти бидејќи една група младинци прават работи кои дури ни властите не успеваат да ги направат, велат инструкторите Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц, во емисијата „Диши длабоко“ на Супер радио.

– Овие младинци веруваат во себеси и во она што си го поставуваат како цел. Во Охрид едно девејче е описменето и запишано во редовна настава. Неколку дечиња во градов имаат можност да продолжат со своите редовни актвности и да се вклучат во сферите на образованието благодарение на група младинци кои успеале да соберат средства за операција и друг вид здравствено лекување. Годинава едно детенце беше на операција, прогледа му се подобри видот и се врати во образовнииот процес, потенцира Сион Доленц.

terzioska i dolenc

– Помогнато е на семејства кои немале мебел во нивниот дом. Група младинци го реновирала домот, изградеиле санитарни чворови кои дотогаш ги немало, ја опремиле внатрешноста со мебел, спалната соба. Тоа го направиле со акции на терен, со организирање концерт, изработиле боенка и ја продаваа во градинките и така успееа да го опремат домот на едно социјално загрозено семејство, истакна Терзиоска.

Младинците во рамки на проектот „Меморија“ рамо до рамо работеле и со деца со посебни потреби. На кративните работилници, на кои како ментори биле вклучени и дел од охридските занаетчии, се изработувале свеќи, накит и други креативни работи, а потоа ги изложувале. Значи не мора секогаш да бидат вклучени парични средства, младинците вложуваат дел од своето слободно време да направат добри дела и да предизвикаат насмевки кај оние на кои им е потребно внимание.

PHV akcii 2

– Имавме многу убав проект со кој се помогна на едно дете, кое потоа и самиот стана некој кој помага на заедницата. Станува збор за Христијан, кој беше матурант, му се помогна да ја прослави матурата со своите соученици, му се упалти полагање возачки испит, се зачлени во клуб за велосипедисти, обезбеден му беше и велосипед, а и му се најде работа. Но, она што е најважно е што тој стана волонтер, се вклучи во активностите на Црвен крст, истакна Терзиоска.

PHV akcii

На годишно ниво се обучуваат 35 деца од Охрид на возраст од 14-18 години, уписите се во месец јануари, во просториите на Црвениот крст, се врши селекција и поминуваат низ три обуки,  во текот на кои тие доживуваат свој личен развој, учејќи социјални, комуникациски вештини, тимска работа, прифаќање на различностите, но и како да изработат проект, како да определат каде треба да се помогне и како да ја постигнат целта.

Проектите се документираат, младите ги опишуваат активностите што ги сработиле, а тимот инструктори го оценуваат нивниот труд според одредени критериуми. На крај како награда имаат финална работолница во Струга, кога се собираат 80 млади од земјава вклучени во програмата, кои имаат највисоки оценки.

На годишно ниво во Македонија се обучуваат 1200 младинци, од кои 35 во Охрид, се изработуваат 120 проекти на ниво на држава, а во просек околу осум се во нашиот град.

Секој циклус завршува со одбележување на ПХВ неделата од 21-ви до 27-ми септември преку креативно шоу кое го приготвуваат младите. Целта на одбележување е да се испрати порака за мир, толеранција и соживот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest