RK-Sani-14

РК Сани 14 вечерва игра против РК Охрид

Охрид, 9. ноември 2018 (ИНПРЕС) -Во рамки на првото коло од ракометната пионерска лига вечерва ќе се сретнат екипите на „Сани 14“ и „Охрид“.

Покрај првенствен, натпреварот ќе има и хуманитарен карактер, младите ракометари ќе играат од срце за нашата сограѓанка Сара Настеска.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти со почеток во 19:30 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest