pretstava

Вечерва премиера на претставата „Метод“ во Охрид

Охрид, 10. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид вечерва ќе се одигра премиерата на претставата „Метод“ од Жорди Галсеран, во режија Ирена Стеријовска.

– „Метод“ е приказна што се случува сега, на илјадници места. Во неа се зборува за новиот свет полн со замки, трикови и големи очекувања. Свет во кој се е на дофат ако се плати вистинската цена. Тука човечките чувства се валута со која најлесно се тргува. Оваа претстава зборува за последносто интервју на финалните четри кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на „големата слика“ и го поставува прашањето колку голема е всушност „големата слика“, вели режисерката Стеријовска.

Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов. Идејното решение за сценографијата е на Стефан Спировски, а костимографијата е на Ана Кркулеска Попоска. Изборот на музика го направи Ирена Стеријовска, а композитор на темата „Tango Mastergame“ е Ермаљ Мехмети. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest