ok-vmro-dpmne-640x359

ВМРО-ДПМНЕ: Нема никакви вложувања во модернизација на спортските објекти

Охрид, 10.ноември .2018 (ИНПРЕС) – Охрид  и Македонија блескаа со спортот. СДСМ го понижи спортскиот работник и спортитстот. СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски сериозно си поигруваат со иднината на спортот и докажаа дека воопшто не водат грижа за спортот и спортските работници, порачаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Оваа локална власт нема никакви вложувања во модернизација на спортските објекти и подобри услови за развој на спортот во Охрид. Од изградбата на четирите спортски сали и подобрување на опремата и хигиенските услови во постоечките спортски сали нема ни трага ни глас. До каде е модернизацијата на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ како спортски комплекс вклучувајќи сали, базени, балон сала? Не многу одамна зад превезот на референдумот и Европска Македонија со гласањето за промена на името беше ветувана уште една трибина на фудбалскиот стадион. Помина 30-ти септември, трибина сѐ уште нема! Наближува крајот на 2018 година, за кога се вети ставање во функција на модерниот базен, најкапиталниот спортски објект на ВМРО-ДПМНЕ, но ништо и од тоа ветување за Охрид. Стојаноски ветуваше развој на спортскиот туризам, но како ќе се развиваат спортовите и спортскиот туризам кога не се ивестира. Каде се ветуваните ваучери за спортот за да ги поддржувате спортистите, прашуваат од партијата.

Додаваат дека охриѓани беа излажани со едно евро вложено во спортот, а заштедува 7 евра од фондот. Не само што го нема спортско-финанскиот фонд туку дополнително се кратат пари.

– Можностите спортистите да имаат повисоки стандарди за спортување останаа само празни ветувања. Нема ништо во однос на проектите од областа на спортот и спортската инфраструктура, никакво подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање на сите граѓани, а не се создаваат и современи спортски капацитети за подобар развој на спортот. СДСМ не инвестира во постоечката и во изградба на нова спортска инфраструктура во Охрид. Што побрзо СДСМ си замине, толку подобро за охриѓани, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest