Djole

Ѓоковиќ со награда за камбек на годината

Лондон , 11. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Светскиот рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ доби две од годишните награди на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП).

Тенисерот ќе ја добие наградата за тоа дека завршува како прв на листата, како и за камбек на годината. Тој од 22. место на светската листа се искачи на врвот, откако се врати на терените по повреда на лактот.

Оваа година, Ѓоковиќ освои четири титули, меѓу кои и „Вимблдон“ и „УС Опен“. Српскиот тенисер има 14 Гренд слем титули и вкупно 72 трофеја во својата кариера. Маријан Вајда, кој се врати во штабот на Ѓоковиќ во април, беше избран за тренер број 1 годинава.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest