Ученици од ОУ „Христо Узунов“ успешни на математичкиот квиз во училиштето Yahya Кemal

Охрид, 28. ноември 2019 (ИНПРЕС) – На 26-ти ноември 2019 година, училиштето Yahya Кemal организираше за прв пат математички квиз во кој учество зедоа учениците од деветто одделение од повеќе училишта од Охрид и Струга.

Учениците од ОУ „Христо Узунов“ под менторство на наставничка Кристина Крстеска Николоски се закитија со сребрен и бронзен медал.

– Учениците Борче Исакоски, Евгенија Илијевска и Ивона Тасеска освоија сребрен медал додека учениците Горазд Блажески, Тамара Стојаноска и Кристина Трајческа освоија бронзен медал, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива